Сликата на Џеј ги растажи сите што ја видоа.

Пејачот Џеј Рамадановски почина на 6-ти декември 2020 година во својот стан во Дорчол, а да беше жив на 29-ти мај ќе го прославеше својот 58-ми роденден.

За жал, овој датум неговото семејство го одбележа без него. Легендарниот пејач сите родендени ги прославуваше во друштво на својата партнерка Андријана и ќерките Ана и Марија, а омилени гости отсекогаш му биле внуците.

Бидејќи пред смртта бил помалку подвижен, јавноста немала можност да види како изгледа Џеј.

Меѓутоа, сега се појави фотографија на која Рамадановски е во прегратките на внукот и Андријана, речиси целосно непрепознатлив, со брада, но и со истиот сјај во очите што ќе го паметиме засекогаш.