Американците се очигледно прилично суеверни. Во зградите го избегнуваат 13-от кат, па всушност од 12-от одите на 14-от. Но, доколку е општо прифатливо дека 13 е баксузен број, што тогаш е проблем со бројот 420?
Одговорот на тоа прашање е мар-иху-ана-та. Имено, бројот 420 е во тесна врска со кан-аби-сот со оглед дека на 20-ти април во САД е ден кога ширум земјата се слави мар-иху-ана-та и на големо се ужива во неа.
Од таа причина, некои хотели отишле толку далеку што на вратата не ставаат плочка со бројот 420, туку комбинацијата 419+1, за да избегнат поврзување со мар-иху-ана-та, но и да ги одговорат гостите во собата од пушење.
Во другите хотели со „мар-иху-ан-ски“ број воопшто и нема да најдете соба, тие пак кои ја имаат често остануваат без бројот на вратата затоа што вљубениците во „тревата“ бројот го земаат со себе како сувенир.
Во еден хотел во Колорадо, плочката со бројот телку пати била украдена од вратата што сопствениците одличиле бројот 420 едноставно да го напишат на вратата.
Но, како што всушност започнала приказната и зошто 20-ти април станал ден на прославување на мар-иху-ана-та?
Вистината не е како што мислат многумина поради смртта на Боб Марли, ниту до полицискиот код со кој полицајците дојавуваат дека е забележано уживање на мар-иху-ана-та.
Реалноста, или барем она околу што многумина се сложуваат е поврзана со група студенти кои во седумдесетите години студирале на Универзитетот Сан Рафаел во Калифорнија. Имено, тие се состанувале секој ден во 16:20 кај статуата на Луис Пастер за да конзумираат мар-иху-ана.
Претходно по ходниците едни на други си велеле „Луис 420“, така да легендата од време на време се проширила низ цела Америка и денес на сите млади им е јасно што значи бројот 420.
Американците очигледно се суеверни, затоа што 420 е број „нон грата“. Познато е избегнувањето на несреќни тринаесетки, па многу хотели немаат кат број 13, ниту пак соба со истиот број.