Турција последните години е една од најпосакуваните туристички дестинации во светот. Богата историја и култура, бројни занимливости, природни убавини, добра храна… се причините зошто туристите сакаат да ја посетат оваа земја.
За разлика од списанието кое ве советува што да направите во некоја земја, „Бизнис инсајдер“ ви претставува нешто друго, списанието ви открива што не треба да правите во Турција.
Не порачувајте филтер кафе
Обавезно пробајте турско кафе кое што се подготвува на традиционален начин и се служи во мали шољи за кафе. Во турција пиењето кафе претставува ритуал. Во Турција постојат специјални кафичи кои со кафето нудат и гледање од шоља.
Немојте да одите во скапи спа центри
Наместо тоа, посетете ги традиционалните турски хамами во кои владее опуштена атмосвера. Во Отоманското царство хамамите беа важен дел од турската култура кои што служеле како место за социјализација.
Не купувајте во трговските центри
Посетете ги локалните историски базари. Најпознат секако е Големиот базар или Капали чаршијата. Исто така, Кемерали во Измир или локалните базари во предградието на Анкара се многу автентични примероци од турската култура.
Не се мислете околу калориите и килограмите
Испробајте се што нуди богатата турска кујна. Секој регион има свој специјалитет, а некои од најпознатите јадења се мешавини од различни култури. Турката кујна се смета за една од трите главни светски кујни поради различните рецепти, употребата на различните природни состојки, вкусот и аромата кои делуваат на сите сетила и заради влијанието на останатите кујни ширум Европа, Азија, Блискиот Исток и Африка.
Не очекувајте да биде прифатено вашето „не“
Оава се однесува посебно на храната, затоа што Турците се доста гостопримливи и едноставно нема да го прифатат вашето „не“ кога станува збор за храната. Во оваа земја вообичајно е прекумерно да се нуди храна, затоа што се смета дека гостите се срамат.
Немојте да носите слушалки додека шетате
Откријте ги различите жанрови на музика во зависност во кој регион се наоѓате. Од класична турска музика до народи и модерни песни. Ова посебно до израз доаѓа во Истанбул каде што на улиците можете да слушнете различни жанрови на музика
Немојте да пропуштате церемонии
Доколку ви се даде можноста да присуствувате на некоја венчавка, искористете го тоа. Интересни се и тардиционалните церемонии со сликање на телото со кна. Искусе те го и светиот месец на Рамазан кога за време на ифтарот бесплатно се служат неверојатни јадења.
Немојте да го посетите само Истанбул
Убавезно посетете и други градови и региони. Одморете се на Медитеранот, посетете ги древните рушевини во Ефес, прошетајте по пределите на Кападокија, видишете свеж воздух на одмаралиштето Ајдер во провинцијата Ризе.