Мирза Селимовиќ, пејач и победник на една од сезоните на популарното музичко натпреварување „Ѕвезде Гранда“, доживеа сообраќајна несреќа.

Имено, Мирза вечерва се огласи на својот профил на Инстаграм и ги загрижи сите свои фанови со објавата:

– Драги мои, поради објективни причини и сообраќајна несреќа на пат кон Белград, принудени сме да го откажеме вечерашниот настап. Фала му на Бога, сите се добро, а наскоро ќе се дружиме на истото место и ќе објавиме нов датум. Вечерва на наше место настапуваат одлични момци и би сакал да им се заблагодарам што ни излегоа во пресрет за мниогу кратко време – напиша Мирза.