Основачот на еден од најпопуларните синџири дрогерии на светот Де-ем, Гец Вернер, почина денеска на возраст од 79 години, потврди компанијата.
Неговото семејство вели дека во последните неколку месеци тој се чувствувал се послабо.
„Секогаш беше свесен дека нема да го доживее завршувањето на оваа идеја“, стои во изјавата за неговата смрт.
Кристоф Веренер, син на Гец Вернер и извршен директор на Де-ем, рече дека неговиот татко починал мирно.
Вернер ја изгради компанијата која сега има околу 66.000 вработени и работи во 14 европски земји, а во пензија замина во 2008 година.
Се залагаше за безусловен темелен доход.
На 28 години татко му го избркал од дома, а една година подоцна ја отвори Де-ем
Роден е на 5 февруари 1944 година во Хајделберг, во семејство на фармацевти.
Во својата биоградија призна дека го изненадил сопствениот успех. Патот од „продавач на забна паста“ (како што се нарекуваше себеси) до угледен претприемач со социјална црта не бил предвидлив, пишува ДОјче веле.
Гец Вернер, бил избркан од дома од татко му, кој бил сопственик на дрогерија во Хајделберг, затоа што не се држел до неговите бизнис идеи.
Една година подоцна во Карлсруе ја отвора својата прва дрогерија Drogeriemarkt dm.
„Во училиште паднав во петто одделение, по 11 години го прекинав школувањето. Бев германски јуниорски првак во веслање, а потоа изучив за дрогерист, па станав прокурист. Одметнат син. Сонувач, Основач на претпријатие против своја волја“, пишуваше Вернер за себе.