Готвачот Нусрет Гокче, попознат како Солт Бае, наиде на бројни критики откако претстави „нова генерација бургери“ на својот Инстаграм во неговиот ресторан во Лондон.

Во видеото тој го забележа целиот процес на правење бургер кој подразбира поинаква техника од онаа на која сме навикнати досега. Со конечниот резултат, готвачот не ги воодушеви своите следбеници кои се над 40 милиони.

„Кој воопшто би сакал ваков бургер?“, „Престани да ја расипуваш храната“, „Се прашувам колку ќе чини ова, можеби 10.000 фунти?“, „Ова е одвратно“, се само дел од коментарите под објавеното видео.

Потсетуваме дека Солт Бае стана сензација на социјалните мрежи во 2017 година, благодарение на методот на зачинување на месото. Минатата година го отвори ресторанот Nusr-Et Steakhouse London. Многу посетители беа шокирани од високите цени.

Тие изразија револт поради цената од 44 фунти (3.200 МКД денари) за четири Ред Бул. Храната е уште поскапа, а познатиот позлатен томахавк стек на Нусрет чини 850 фунти или 62.000 денари.

View this post on Instagram

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)