Три лица се сериозно повредени во сообраќајка која утринава се случи во Штип на улицата Партизанска, јавува Телевизија Стар.

Во несреќата учествувале две патнички моторни возила и моторцикл.

Повредените се пренесени во Клиничката болница Штип, а полицијата врши увид на лице место.