Поранешниот директор и се уште актуелна прва личност на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ Саша Поповиќ откри дека како свој го засакал синот на неговата партнерка Сузана Јовановиќ од првиот брак.

– Тој го заврши четвртото одделение кога ја запознав Сузана и јас веднаш и реков да го донесе детето да живее со нас. Го прифатив како мое дете, го сакам како мој син и го нарекувам мој син. И нека остане така, рече Поповиќ, а потоа се осврна на Вики Миjковиќ и нејзиното судење во „Ѕвездите на Гранд“ како член на жирито.

Поповиќ во изјава за српските медиуми вели дека како заслуга на токму ова шоу, Вики сега имала три стана.

– Откако дојде во „Ѕвездите на Гранд“ имаше разни расправии и препирки, луѓето ја препознаа како жртва и тоа и донесе публицитет. Не знам дали има три стана, знам дека ја продаде куќата и купи стан, а ако има три, верувајте дека тоа е заслуга на „Ѕвездите на Гранд“, заврши Саша Поповиќ во изјава за „Скандал“.

Пред неколку недели, истиот медиум објави дека новите сопственици го поставиле Александар Милиќ- Мили на позицијата директор, но останатите членови на жирито не ја дочекале оваа вест со воодушевување, бидејќи кружат гласини дека Мили сака да го исфрли Саша од проектот.

Саша Поповиќ е творец на „Ѕвездите на Гранд“ и основач на шоуто. Неговиот збор е последен, најценет и почитуван, тој е член на бордот на директори во Гранд, па затоа не е изненадувачки што Мили, според „Скандал“, би сакал да го исфрли од игра и тој да стане ГЛАВЕН.

– Се вели дека Мили би сакал Поповиќ да се повлече и дека сите негови права и обврски ќе му припаднат на Мили. Тој наводно верува дека би ја стекнал репутацијата што ја има Саша со години. За тоа наводно дознале и останатите членови на жирито, и сите се со поддршка Поповиќ, а најмногу Марија Шерифовиќ. Од друга страна, се вели дека Мили всушност е среќен што Саша е тука. Тој знае дека „Ѕвездите на Гранд“ не би биле исти ако Саша се повлече. Сега, што е вистина и што ќе се случи во иднина, останува да видиме, тврди изворот на споменатиот медиум.