Душица Тричковиќ, без полемики, беше учесничка на шоуто Ѕвездите на Гранд за која најмногу се зборуваше по последната емитувана емисија.

Потсетуваме, таа тогаш се расплака поради недоволниот број на гласови и покрај тоа што рече дека дала се од себе, па дури и излезе на сцената во осмиот месец од бременоста, што предизвика бројни реакции кај публиката.

Сепак, кога маглата се спушти, Душица се врати околу своето семејство и на социјалните мрежи сподели фотографија на која позира со насмевка „од уво до уво“

На истата може да се забележи Тричковиќ пред црква со синот кој на главата носи венец по повод празникот Цветници.

-Им се извинувам на сите на кои не им одговорив на пораките со поддршка. Откако бебето ќе заспие вечерва, ќе се обидам сите внимателно да ги прочитам, па да одговорам, напиша пејачката.

-Ми стигна премногу пораки и срцето ми е полно, преполно. Жалам што расплакав некои од вас, но оние кои ме познаваат добро знаат дека секогаш сум искрена и дека никогаш ништо не држам во себе, туку секогаш реагирам со срце и душа, заклучи Душица.