Илина Арсова, девојката што ги искачи сите највисоки врвови на седум континенти обожава предизвици и авантури, па така денес 25-ти декември собра храброст и влезе во Охридското Езеро.

Од 2006 година почнува посериозно да им се посветува на планинските спортови (планинарење, алпинизам, слободно скијање, летање, качување по карпи и планински велосипедизам). Истата година за првпат се искачува на Монблан (4.810 метри), највисок врв во западна Европа, како дел на екипата на црвениот крст за итни интервенции и спасување во планина.

Во периодот од 2006-2016, Илина Арсова успева да искачи пет од седумте највисоки врвови, на 5 различни континенти. Во 2013, по повеќемесечна подготовка, Илина Арсова станува првата жена Македонка која се искачува на Монт Еверест.

Успешната алпинистка, сликарка и еко-активистка е позната по својата храброст и истрајност, па денес 25-ти декември собра храброст и влезе во студените води на Охридското Езеро. Во полутанга бикини, таа храбро го издржа предизвикот.

– На здравје капење. Се спремаме за Водици, напиша таа на Инстаграм.

Видеото како изгледаше нејзината авантура:

View this post on Instagram

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)