Турската серија „Елиф“ која се прикажуваше и во Македонија ги воодушеви гледачите во регионот, најмногу поради преслаткото девојче кое го игра Изабела Дамла.

Девојчето е родено во 2009 година во Њујорк. Нејзиниот татко е Американец, политичар и бизнисмен од Њујорк, а нејзината мајка е од Турција.

Во голема конкуренција тогаш малата Изабела ја доби улогата на Елиф. Имено, кога продуцентската куќа Green Yapim започна со подготовките за снимањето на серијата „Елиф“, беше организиран кастинг за главниот лик.

Требаше да се најде девојче на возраст од седум до 10 години, која би можела да го истакне тој лик. Откако повеќе од 100 девојчиња одиграа пробни сцени, Изабела Дамла Гувенилир (Елиф) и Зејнеп (Тугче) останаа во потесниот круг.

📷

📷

📷

📷