Сите со чудење гледаа во човекот со необичниот багаж…
Јавниот превоз е секојдневно актуелна тема и неисцрпен извор на забава, но и уникатно место каде често може да се сретнете со неверојатни ситуации. Понекогаш се бизарни и луди, понекогаш страшни, додека некои од нив можат да ви го разубават денот.
Често имаме можност да видиме некои домашни миленици како се возат со некои патници во автобуси, голем број од нив влегуваат со велосипеди, скутери и други превозни средства, додека други погодуваат што смее, а што не во јавниот превоз.
На Фејсбук страницата „Uživo iz gradskih autobusa i tramvaja“, една фотографија ги забавуваше патниците до солзи. „За свињи до 3 месеци карта не се плаќа“, „Дали е можно и ова да го има во автобусите“.
Веројатно некои останале во шок, но едно е сигурно – овој човек е невозможно да не се забележи со багажот! Секој коментар е излишен.