Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо на вчерашната прес-конференција пред дуелот меѓу Унгарија и Португалија реши да ги тргне шишињата со кока-кола и испрати порака дека треба да се пие вода, по што следеше и пад на акциите на компанијата, но сега пристигна и реакција.
Кока-кола му одговори на Португалецот дека секој треба да си го пие пи-јало-кот кој го сака, а не кој му е наметнат со сила, како и дека не треба да се расправа за вкусови и потреби.
Роналдо долго време води битка против газираните и слични пи-ја-лоци, па не сака ниту да биде во нивна близина.
„На фудбалерите им е понудена вода, освен кока-кола, пред пристигнување на прес-конференциите“, кажа портпаролот.
Do NOT put Coca Cola in front of Cristiano Ronaldo 😠
This is absolutely brilliant 🤣 pic.twitter.com/bw9FYlTOI4
— Goal (@goal) June 15, 2021