Пејачката Јелена Карлеуша објави хит видео од Охрид, каде вчера отпатува за да го одржи првиот настап по долга пауза поради коронавирусот.
Имено, таа објави стори од хотелската соба каде што беше сместена на нејзиниот профил на Инстаграм, во кое можете да видите како се загрева пред настапот.
Облечена во тесно трико и високи потпетици, Јелена реши да испроба неколку движења на еден од луѓето од нејзиниот тим и заврши на подот.
Кареуша падна на задникот, а човекот кој се обиде да го „нападне“, брзо и помогна да стане од земја.
Карлеуша, слета со приватен авион на охридскиот аеродром, и веднаш се смети во претседателскиот апартман во хотелот „Голден вју“.