Јелена Карлеуша со приватен авион слета во Охрид, и веднаш се пофали на своот Инстаграм профил, а поводот беше концертот кој го одржа во клубот „Егоист“ на популарната плажа „Голден бич“. ЈК се појави со шест згодни танчарки и настана „тепачка“ околу сцената, кој од фановите побрзо ќе стаса поблиску до неа да направи слика или видео за „стори“, објави Женски магазин.

Додека чекореше кон сцената, беше пречекана како најголема ѕвезда, сите го извикуваа нејзиното име. -Бев и лани овде, но сега можеме да се опуштиме, да бидеме блиску едни до други и да пееме.

Ова е прв мој настап по долго, долго време, по коронава што сите не снајде и многу се гордеам што сум во Охрид“, рече Карлеуша и почна со хитовите „Слатка мала“ и „Инсомнија“, танцувајќи заводнички заедно со танчарките.

View this post on Instagram

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

-Преку нејзиниот менаџер ни се извини што не може да даде изјава, затоа што се подготвуваше за настап, а пред настап таа ретко зборува со медиумите. Карлеуша, како што ни раскажа менаџерот на клубот, Димитар Џепароски била многу скромна. „Таа немаше никакви посебни барања за претстојот овде, многу е скромна и пријатна. Слета со приватен авион на охридскиот аеродром, и веднаш се смети во претседателскиот апартман во хотелот „Голден вју“. Ѝ организиравме ручек, овде во „Егоист“, ги проба сите охридски специјалитети на нашиот шеф, меѓу нив и пастрмка секако. Многу ѝ се допаднаа, и се сликаше со готвачот, пренесува Женски магазин.