Откако дозна дека има рак, Марина Туцаковиќ се повлече од јавноста, а дека третманот оди во вистинска насока најдобро покажува фактот дека Марина се враќа на работа, па затоа веќе напиша неколку текстови за локалните пејачи.
Марина неодамна откри какви симптомi имала пред да заболи од рак. Таа порачува дека доколку ова ви се случува, тогаш не смеете да го игнорирате, туку да побарате помош од лекар.
– Знаев дека ќе ми се случи тоа. Се чувствував многу лошо, бев многу нервозна. Ја имав таа „рана“ што ја игнорирав. Знаев дека сум болна. Но, навистина знаев. Свесно не отидов на лекар. Имав и приватни проблеми и некогаш човек го игнорира тоа. Себеси си бев на последното место, раскажа неодамна Марина.