Чагри Тортоп (46), продуцент од Турција, е осуден на една година затвор бидејќи на 2 јуни 2019 година брутално ја претепал српската манекенка Тања Ѓукиќ (26) во нивниот стан во Истанбул.
Дека Тортоп е осуден за овој настан, потврди за српските медиуми и Тања Ѓукиќ, која истакна дека „не е задоволна од пресудата“.
– Доби една година затвор, но јас и моите адвокати ќе се бориме да добие повеќе. Тој сега сака да одиме на помирување, но јас нема да се согласам на тоа, вели манекенката.
Како што појасни таа, судот го испратил предметот до Канцеларијата за помирување во врска со промената на кривичното дело.
– Тој на секој начин се обидува да избегне затворска казна. Повторувам, нема да го прифатиме примирјето, па затвор дефинитивно ќе следи. Со адвокатите побаравме казна од седум години, но ќе бидеме задоволни кога ќе го одбиеме примирјето и казната ќе биде зголемена на три години, вели таа и додава дека овој судски спор трае предолго.
Инаку, на продуцентот Тортоп му се закануваше казна затвор од две до седум години, но судот одлучи да го осуди на казна помала од минималната.
– Продуцентот беше соочен со затворска казна од две до седум години под обвинение дека со употреба на сила, закана или измама ја лишил девојката од слобода. Но, на рочиштето одржано на 9 септември, обвинителот побара обвинетиот да биде осуден на затвор од четири месеци до една година под обвинение за намерно нанесување повреди, јавуваат турските медиуми:
– Со вештачењето на телефонот на продуцентот е утврдено дека тој кобниот ден не повикал брза помош, иако тврдеше дека повикал.
Да потсетиме, Чагри Тортоп на суд тврдеше дека дека манекенката има „растројство на личноста“.
Како што претходно кажала манекенката, тогашниот дечко толку многу ја тепал што крв и бликала од носот, устата и ушите.
Ѓукиќ две години била во врска со продуцентот од Турција, а се запознале откако таа се преселила во Истанбул, каде дошла преку модната агенција за која работела.
📷
📷
📷