Очигледно, пејачката Теа Таировиќ стана новата кралица на бакшишите. Атрактивната бринета, која ја започна својата кариера во натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, ќе собере 126.000 евра за само два месеци.

Имено, во текот на јули и август таа веќе има закажано дури 36 гостувања во клубови лоцирани на различни локации во земјата, регионот, на крајбрежјето и во странство. Почетната цена на една „тезга“ е 2.000 евра, но благодарение на песната која неодамна ја објави „Хајде“, која стана голем хит и сите пејачи ја вклучија на своите репертоари, Таировиќ успеа да ја зголеми цената, но и стана една од најангажираните пејачки, објавува „Курир“.

Кога ќе се повлече линијата, просекот што го зема по изведба е 3.500 евра. Дека новата песна и донесе одлична заработка, сведочи и фактот дека заработи околу 5.000 евра на една прослава на таа песна, за помалку од три минути.

– Не е сè во парите. Не ја предвидувам судбината, не знам колку ќе се заработи – рече во смеа Теа.

Теа е горда што песната стана хит за кратко време, а особено што нејзините колеги почнаа да ја пеат на своите настапи.

– Тоа е многу добар знак за мене. Јас исто така знаев да проценам со песни на другите колеги колку бакшиш ќе добијам, така што ако тие погодиле со мојата, супер – изјави Теа за медиумите.

Инаку, Теа, како што е познато, последна настапи со Шабан Шаулиќ, и само со огромна среќа избегна да се најде во автомобилот во кој загина легендарниот пејач во февруари 2019 година.