Да не беа социјалните мрежи, девојката веројатно немаше да дознае за ова неверство.

На социјалната мрежа ТикТок деновиве кружи видео, кое буквално ќе ве остави без коментар. Имено, еден млад човек ја бакнуваше и гушкаше својата девојка со десната рака, додека во исто време со левата рака ja допираше русокосата која седеше зад него.

Тој „малку се опушти“ на концерт меѓу стотици странци и го искористи моментот на толпата за да допре онаму каде што до сега не допрел. По кратко време, русокосата која првично „соработуваше“ со момчето, потоа ја тргна неговата рака од „забранетото место“.

На негова жал, некој од публиката го извади телефонот и сними се, а оваа чудна приказна деновиве доби неочекуван момент на Фејсбук.

Имено, некој го препознал мажот, отишол на неговиот профил на Фејсбук и пренел фотографија на целиот свет, според која излегува дека жените се во роднинска врска, поточно дека се мајка и ќерка.

Оваа информација ја пренесоа и мексиканските портали, но тие не успеаја да откријат каде и кога точно е направена снимката.

Исто така, во овој момент, не е познато што се случи откако видеото стана вирално, дали има семејна драма или никој не направи проблем од тоа.