Таа истетовира девојка која гушка ангел, а следбениците видоа нешто сосема поинакво…

Девојка објави видео на социјалната мрежа во кое ја покажа тетоважата што неодамна ја направила.

Таа има тетовирана фигура на девојка која гушка ангел чувар на грбот, но нејзините придружници видоа нешто сосема друго. Многумина коментираат дека тетоважата претставува жена која задоволува друго лице.

– Разбирам што гледате, смешно е, но престанете да се шегувате со мене, им порача Тиктокерката на своите придружници во видеото што е прегледано повеќе од 700.000 пати и има повеќе од 10.000 коментари.

„Луѓето го гледаат она што сакаат да видат“, „Не разбрав веднаш за што станува збор, но сега …“, беа дел од коментарите.

Подоцна снимила уште едно видео во кое рекла дека добила многу совети како да ја поправи тетоважата и дека секој што има друга идеја може да ја контактира. Таа напомена дека не сака да ја отстрани целата тетоважа.