Фотографија од БМВ со чешка регистрација веднаш стана хит на сатиричната страница на Фејсбук „Дневна доза на просечен Далматинец“ поради натписот на регистерската табличка.

„УКРАДЕНО“, пишува на табличката и поради овој натпис, многуммина се смееја до солзи.

Фотографијата доби над 3.600 лајкови за 24 часа, а веднаш следеа шеги во коментарите.

„Кој признава половина му е простено“, „Сè е легално“, „Тоа е автомобил украден од Неда (Украден)“, „Секој вози своја, само Неда украден“, беа некои од коментарите.

На истата страница, големо внимание привлече фотографијата на „жена пеперутка“ од Водице, односно жена возејќи во рацете носеше два надуени душека за на плажа.

„Со што го држи воланот? некои се прашуваа.

Некои пак се насмеаја на фотографија од автомобил кој пзоади имаше со мал пропелер.

„Ова е во случај доколку падне во море“, искоментира администраторот на страницата.