Знакот јаболко на позадината на вашиот Ајфон не е само украс, туку може да послужи и како копче.

Многумина не беа свесни за опцијата на „Епл“, па беа изненадени кога на социјалните мрежи почна да се шири видео за тоа како да се овозможи оваа опција.

„Копче за што? За што сакаш“ се наведува во објавата на корисник на „Тик-ток“.

Функцијата се нарекува Back Tap и можете да ја користите за различни опции (скриншот, камера, блиц…).

Одговара на двоен или троен допир. Опцијата постои само во iOS 14 и може да се активира преку поставки (settings). Одите во поставки, ја изберате опцијата Пристапност (Accessibility), потоа Touch па Back Tap.

Кога ќе кликнете Back Tap, ќе можете да изберете за која опција и како сакате да го користите гризнатото јаболко.