Оваа фотографија е само уште еден доказ дека веќе заборавените автомобили „југо“, „стокец“, „128-ца“, па дури и некои други олдтајмери без проблем ги голтаат километрите до Јонското и Егејското море.
Поради проблемите низ кои минуваат деновиве некои возачи, по почетокот на примената на новите правила за технички прегледи, многумина се прашуваат дали ќе можат да одат на море со својот автомобил доколку треба да ги отстранат забелешките што на терет им се ставаат на нивните постари автомобили.
И затоа еден од членовите на групата на Фејсбук „Во живо од Грција“ со право се прашуваше како овој „стокец“ од фотографијата „го поминал техничкиот преглед“ и успеал да стигне до Грција.
А дека тоа не е проблем се убедивме многу пати досега, па може да се каже дека автомобили како „југо“, „стокец“ и „128-ца“, па дури и некои вистински олдтајмери можат да одговорат на потребите на своите сопствениците, и во најголема топлина да ги превезат до бреговите на Јонското и Егејското море.
Прашањето кое ние сакаме да го поставиме, е дали вие со ваков автомобил би тргнале на пат за Грција?