Хрватскиот режисер Жарко Батиновиќ, почина денеска во сплитската болница по долго лекување, јавуваат хрватските медиуми. Жарко Батиновиќ е роден во 1966 година во Сплит, а освен во Сплит, кратко време живеел и во Белград, Прага и Рим.
Режирал повеќе од 200 видеа за бројни хрватски пејачи и групи, а на каналот Јутјуб имал повеќе од 200 милиони прегледи, пренесуваат Хина и Танјуг.
Соработувал со Оливер Драгојевиќ, Џибони, Бајага, Северина, Парни Ваљак и голем број познати имиња од регионот. Батиновиќ беше на болничко лекување од 18 јануари, откако му беше дијагностициран корона вирус и пневмонија.
Батиновиќ ја загуби животната битка откако го симнаа од респиратор, почна и да комуницира, а токму кога сите мислеа дека ќе се извлече, стигнаа најлошите вести.