Миа Калифа, поранешната порно ѕвезда, тврди дека заработила само 12 илјади долари додека работела во порно индустријата.

Обраќајќи им се на фановите на Твитер, Миа открила колку заработила пред да ја напушти кариерата како порно актерка пред 4 години.

Луѓето мислат дека сум заработила милиони од порно филмови.

Заработив вкупно околу 12 илјади долари и повеќе не видов ниту еден цент”, напишала Калифа и додала дека ѝ е тешко да пронајде нормална работа по напуштањето на порно индустријата.

Миа Калифа важи за една од најпознатите порно ѕвезди, и покрај тоа што работела само три месеци.

Таа изјавила дека пресвртот во нејзината кариера се случил кога почнала да добива смртни закани поради снимање на порно сцени додека носи хиџаб.

📸