Ливиј Филимон (31), младоженец од Романија, доживеа трагедија на сопствената венчавка.

Тоа се случи за време на традиционалното фрлање на младоженецот во воздух во кое учествуваа неговите пријатели кои случајно го испуштија на глава.

На видеото е прикажана невестата која весело танцува неколку секунди пред несреќата што ја доживеа нејзиниот сопруг.

По второто фрлање, пријателите не успеаја да го фатат и Филимон падна врз главата.

Според локалните медиуми, на младоженецот му е напукнат ‘рбетот, а гостите дополнително ја влошиле ситуацијата нестручно пренесувајќи го на столче пред да пристигнат болничарите, пренесува Дејли Меил.

Филимон не ја отфрли можноста да ги тужи своите пријатели за предизвикување на повредата.

Тој наводно рекол дека не може да ги мрда нозете.