Тажната вест ја потврдија неговите многубројни пријатели.

По долго и тешко боледување синоќа почина Драгољуб Црнчевиќ – Црнке, фронтмен, пејач и гитарист на еден од најдобрите блуз бендови Point Blank.

Тажната вест ја потврдија неговите многубројни пријатели и почитувачи на неговото дело, кои преку социјалните мрежи се простија од легендарниот Црнке.

Од свирки на метро станици во Париз, до „Gitarologia“, албум чија важност ги надминува границите на српската сцена. Од истражување на корените на блузот, до авторски песни кои имаат милиони прегледи. Од свирки со школски другари, до водач на еден од најважните српски блуз бендови. Тоа беше Црнке.