Додека повеќето невести сакаат да имаат што е можно повеќе традиционални обичаи на нивната венчавка, како што се фрлање букет и романтичен прв танц, младата Рошел од Флорида решила да ги зачини работите за својот новопечен сопруг и за гостите да подготват свадбено шоу за паметење.

Освен што покажуваше завидни танцови движења, оваа млада жена успеа да привлече внимание и поради својот „фустан“, односно парче облека што повеќе наликува на престилка со светкави детали, додека има само неколку синџири под кои може да се видат танга гаќички. Потоа, така облечена, застанала пред младоженецот и си играла така што на другите гости им паднале вилиците, пренесува „Њу Јорк Пост“.

„Дали е невестата???“, прашаа зачудените твитерџии откако на оваа мрежа беше објавено видеото на кое се гледа како невестата заводливо танцува во скутот на младоженецот, опкружена со „танцувачка група“ составена од деверици.

Видеото кое има милиони прегледи од вторникот вечерта, кога беше објавено, прво покажува како невестата турка дете од младоженецот, седнува на средината на салата, а потоа го врти грбот на заводливиот танц, се наведнува и се приближува со нејзиниот задник до лицето на избраникот.

Сватовите кои биле на оваа необична свадба го снимиле целиот настап со своите мобилни телефони, додека јавноста која ги гледала снимките на социјалните мрежи не била толку воодушевена.

„Овде ништо не чини. Деверуши кои „тверкуваат“, босоногата невеста си игра „на изволте“ пред целото семејство. Изгледа како голем хаос од гето“, напиша еден критичар, споменувајќи ги децата, родителите, бабите и дедовците кои морале да го гледаат овој „спектакл“.

Од друга страна, имаше и такви кои целосно го поддржаа провокативниот танц на Рошел пишувајќи: „Ако сака да „тверкува“ на својата свадба – оставете ја. Ако ти тоа не сакаш да го правиш пред гостите, не го прави.”