Младата американска пејачка Мaeта доживеа драма на снимањето на спотот во неделата кога змија ја касна на лицето.
Идејата била да легне на подот додека црна и бела змија лазат по нејзиното тело. Сепак, сè тргна наопаку кога врз неа испуштија уште една змија.
Црната змија наеднаш се испружи и ја касна пејачката за брадата додека таа брзо се тргна назад.
Маета на социјалните мрежи објави видео од непријатното искуство со коментар „никогаш повеќе“
Очигледно змиите не биле отровни, но ништо не е официјално потврдено, пишува New York Post.
never again pic.twitter.com/Mx85NsvZVi
— Maeta (@Maetasworld) December 19, 2021