Милан Лаќа Радуловиќ, синот на Марина Туцаковиќ и Александар Фута Радуловиќ, повторно направи екцес за кој бруи јавноста! Сега, неговата мета е Аца Лукас, чија што книга „Ова сум јас“ ја фрли во корпата за ѓубре, ја стави во тостер и на крај во ВЦ шолјата, а потоа уринираше врз неа.

Не откри дали навистина не му се допаѓа содржината на автобиографијата на фолкерот или е нешто друго во прашање?! Но, пред тоа, тој ги праша своите следбеници на Твитер дали некој од нив ја прочитал споменатата книга, а потоа откри дека сепак дал 500 динари за да ја прочита.

Пред два дена, тој започна да објавува фотографии на кои се гледа како ја фрла автобиографијата на Лукас каде и да отиде, сакајќи да покаже колку е безвредна и дека не служи за ништо.

Неговиот гест да ја фрли книгата во ВЦ шолја и да уринира врз неа ги згрози следбениците на социјалните мрежи, најмногу оние кои се фанови на Аца Лукас.

Сметајќи го ова за грубо, арогантно и некултурно однесување, Лаќа беше критикуван од луѓето кои велеа дека се покажал како „примитивен и прост“. Во еден момент, тој го избриша контроверзното видео на кое се гледа како уринира врз книгата, а потоа го објавил повторно со порака:

„Се извинувам што случајно го отстранив видеото со ‘истурање сок’ врз романот од автор кој троши ванилин шеќер на нос. Поправено“ – напишал тој под видеото.

Српските медиуми сакаа да го прашаат Лаќа зошто го сторил ова и зошто тој толку не го сака Лукас, но неговиот број бил надвор од функција.

Од друга страна, Аца Лукас веднаш ги иксонтактирал медиумите и во негов стил дал коментар упатен до синот на Марина и Фута.

„Немам Твитер. Бидејќи Твитер е во 90 проценти од случаите групна терапија за безнадежни психијатриски случаи и десет проценти за нормални, кои сè уште ја негуваат утописката идеја дека нешто може да им се објасни на овие, првиве! Пресудете сами во која група припаѓа овој наркомански џанак ! Најдобро би било тој самиот да скокне во овој санитарен елемент, бидејќи тој и не е за на подобро место! Ќе му помогнам во тоа! Ќе пуштам вода!“ – изјавил Лукас.