Полицијата вчера отишла со мајката на малата Данка на местото каде исчезна девојчето, дознава „Блиц“.

Ова е направено за да може мајката да и го покаже на полицијата секој детал од денот кога исчезна малата Данка во Бањско Поље кај Бор.

Направена е реконструкција на нивното движење. Заедно со мајката полицијата ги проверува сите информации и сознанија, дознава „Блиц“.

На влезот во населбата утрово има полициска патрола, како и една патрола дежурна пред куќата каде исчезна девојчето Данка Илиќ.

Пред домот нема багери, камиони или други полициски возила, јавуваат репортерите на „Блиц“.