Легендарниот советски и руски актер Пјотр Мамонов почина денес на 70-годишна возраст. Актерот се бореше со корона вирусот, и за жал ја загуби борбата.
Пјотр Мамонов беше запаметен од балканската, но и македонската публика во одличниот филм „Остров“, каде ја толкуваше улогата на православен монах кој се бори со својата совест и демоните од минатото.
Успешен беше и како фронтмен на рок групата „Звуки Му“ од почетокот на деведесеттите години.
Роден е во 1951 година во Москва, а започна да глуми во 90-тите години на минатиот век.
Покрај „Остров“, тој глумеше и во многу филмови, вклучувајќи ја и значајната улога на Иван Грозни во филмот „Царот“.