Во сообраќајката вечерва на патот Градско – Прилеп на превојот Плетвар, животот го загуби 29-годишник од Прилеп. Во несреќата учествувале возило со прилепски таблички и цистерна, при што дошло до директен судир.
Собрааќајот на делницата е во прекин од 18 часот и формирана е огромна колона на возила.
Ова е втора тешка сообраќајка за три дена. Претходно се случи сообраќајка на истата делница, по која 20-годишно момче се бори за живот на скопските клиники.